Играчот од средниот ред на ПСЖ, Леандро Паредес, е блиску до заминување од клубот.

Според La Gazzetta dello Sport, најблиску до ангажманот на 25-годишниот Аргентинец е Јувентус, бидејќи тоа го посакува и самиот фудбалер.

Трансферот ќе се случи ова лето, а ПСЖ се очекува да бара за Паредес околу 25 милиони евра, колку што е подготвена да плати и „Старата дама“.

Оваа сезона Аргентинецот одигра 14 средби во Лига 1 и има забележано само една асистенција. Неговиот договор со ПСЖ е валиден до лето 2023 година.