Новото засилување во нападот на Милан, Рафаел Леао го даде првото интервју по потврдата за трансферот во Милано. Тој смета дека тука ќе има вистинска шанса за напредок и можност да се запише во историјата на големиот клуб од Италија.

„Го одбрав Милан затоа што на Плејстејшн се многу силни и воедно ја имаат освоено Лигата на шампионите многу пати. Има многу легенди кои играле во овој клуб а еден од нив е Кака и секако Малдини. Тие фудбалери испишаа историја. Мој идол е дфинитинвно Кака. Бразилските играчи имаат неверојатен талент. Сакам да играм со Пјонтек заедно и да освојам многу титули“ – изјави Рафаел Леао.

Леао заедно со Пјонтек се очекува да ја формираат напаѓачката двојка во новата сезона во која Милан ќе се обиде да дојде до позициите на табелата кои водат во Лигата на шампионите.