Клаудио Маркизио е легенда на Јувентус, тој за „старата дама“ запиша вкупно 294 натпревари во периодот од 2005 до 2018 година.

Легендарниот играч на Јувентус го коментираше трансферот на Федерико Киеза од Фиорентина во Јувентус.

„Тој е голем талент, тука нема дилеми, но Јувнетус плати меѓу 40-50 милиони за играч кој се бореше за опстанок во Фиренца, притисокот врз него е голем. Од Федерико Киеза очекувам да „експлодира“, тој е големо засилување за Јувентус, не неговата вредност на траснфер пазарот е преценета“  – изјави Маркизио.