Рој Хоџсон повеќе од 45.години е дел од Англискиот фудбал и очигледно дојде време да се каже збогум на Англиската Премиер лига и островскиот фудбал.

Откако четврта година во низа го остави Кристал Палас во најсилното фудбалско друштво, Хоџсон соопшти дека пред него се последните два натпревари како менаџер на овој тим, но истовремено, неговата порака многумина ја протолкуваа како соопштение за крај на тренерската кариера.

„ После 45 години како тренер, решив дека дојде време да се повлечам. Време е да направам чекор настрана и да кажам доста. Доста ми е од стресните и ригидни моменти во Премиер лигата. Последните два меча од оваа сезона ќе бидат последни за мене како менаџер на Кристал Палас.

 Овој изминат период беше како награда за сето она што го направив во кариерата, тоа што можев овие последни четири сезони да работам во мојот матичен клуб Кристал Палас. Крајот на уште една успешна сезона со опстанок во Премиер лигата е вистинско време за повлекување.

 Имав толку голема поддршка од мојата сопруга и од семејството во текот на мојата кариера, размислував за оваа одлука долго време. Верувам дека е вистинско време да се тргнам малку и да видам што иднината ќе донесе за мене“, – изјави Хоџсон 

Последниот натпревар за Хоџсон на кормилото на Кристал Палас е на Енфилд во последното 38.коло од Англиската Премиер лига.