Диего Марадона е легендарен фудбалер, еден од најдобрите на сите времиња, спортски и не само спортски е поврзан со Италија, играше во Наполи, освои титула во калчо лигата.

Аргентинецот упати порака до сите во Италија кои се борат со Ковид-19.

„Живеев седум години во Италија, имам семејство таму, пријатели со кои су во контакт. Сакам да им порачам да бидат сложни, им изразувам поддршка во овие тешки моменти на борба со Коронавирусот. Навистина е потребно да седат дома, да ги почитуваат препораките, се надевам дека на крајот се ќе биде во ред“  – изјави Марадона.