Јури Џоркаеф, поранешниот фудбалер и освојувач на Светското и Европско првенство со Франција, на француските медиуми им опиша по што ПСЖ е специфичен клуб.

„И кога играв таму, имаа добар тим. Освојуваа трофеи, имаа шест- седум репрезентативци. Ги паметам и самите почетоци на клубот затоа што тогаш мојот татко играше таму. ПСЖ навистина е млад клуб, но има фудбалска ДНК“– вели легендарниот Французин.

Тој објасни и каков статус има ПСЖ во јавноста.

„Сите го мразат ПСЖ. По тоа клубот е посебен, навистина сите го мразат. Во Шпанија ги имате Барселона и Реал Мадрид. Во Франција имате луѓе кои навиваат за Лион или ПСЖ. Но и оние кои не навиваат за тие клубови не ги мразат. Тоа за ПСЖ не важи. Кога играте за ПСЖ играте против цела Франција“– заклучува Џоркаеф.