Поранешниот селктор на Италија Марчело Липи смета дека Џенаро Гатузо има потенцијал да биде врвен тренер, а тоа го покажува со тимот на Наполи.

Гатузо го надмина тешкиот почеток по превземањето на Наполи од Карло Анчелоти, кој важи за еден од најдобрите италјнски тренери во историјата.

„Гатузо е врвен тренер. Тој расте од натпревар во натпревар и го покажа тоа во Наполи. Пристигна во тежок период и се чинеше дека е крај на ерата на овој тим, но тој ги натера фудбалерите да останат смирени и да се кренат кога е најтешко“– изјави Липи за „Газета дело Спорт“.

Наполи во реванш дуелот против Интер во Купот на Италија на „Џузепе Меаца“ во сабота ќе бранат позитива од 1-0, која ја остварија на првиот меч.