Легендата на Манчестер Јунајтед Ерик Кантона ќе добие посебно признание од УЕФА за придонес и популаризација на фудбалот и спортските вредности.

Поранешниот напаѓач француската репрезентација е добитник на претседателската награда на УЕФА.

„Оваа награда не е само признавање на кариерата на одличен играч со уникатен талент, неспоредлив стил на игра и непобитна харизма, туку исто така ве почестува заличноста што сте и што станавте. Личност која одбива да направи компромис, ги брани своите вредности, го изразува своето мислење и, што е уште поважно, го става своето срце и душа за поддршка на оние работи во кои верува“– изјави Александар Чеферин.

Наградата ќе биде доделена на церемонијата што ќе се одржи утре во Монако.