Поранешната фудбалска ѕвезда на Реал Мадрид и некогашен репрезентативец на Франција, Кристијан Карембе, очекува позитивни работи од Македонија во баражот.

Тој смета дека нашите репрезентативци може да бидат вистинско изненување меѓу оние кои обезбедија бараж, велејќи дека очекува ново изненадување од нашите.

Освен од Македонија, Карембу очекува изненадување и од Велс и Шкотска кои за разлика од Макеоднија се наоѓаат во групата на носители на ждрепката.

„Ќе изберам три репрезентации кои ме изненадија. Велс, Македонија и Шкотска и мислам дека и трите репрезентации би можеле да не изненадат“– изјави Карембе.

По завршувањето на ждребувањето, Македонија за противник ја доби селекцијата на Италија, а при евентуално минување на таа огромна пречка ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Португалија и Турција.