Легендата на Црвена Звезда и хрватскиот фудбал Робер Просинечки не кажа кој е во моментов подобар од црвено- белите или модрите, но ги предупреди и едните и другите дека Легија и Шериф се сериозни препреки.

Просинечки е најдобрата можна личност за коментар на можниот дуел на Црвена Звезда и Динамо Загреб во плеј офот за Лигата на шампионите.

„Ма, ми се јавијва 100 луѓе, на море сум, одмарам“– изјави Просинечки на почетокот на разговрот за Спорт Клуб.

Јуниорот на Динамо, а легенда на Црвена Звезда, па човек кој со Динамо (Кроација) беше шампион, па тренер на црвено- белите. Човек кој ја пишувал историјата на двата клуба.

„Ма, не сме сме подготвени за овие натпревари. За жал, тоа му е на секого јасно. Што сега ви требало да кажам кој е подобар, кој ќе мине. Единствено што засега можам да кажам е дека и Легија и Шериф се сериозни пречки. Треба прво тоа да се прескокне.“

Многу повици, свесен е дека ќе биде во центарот на медиумското внимание.

„Искрено најрадо би се тргнал од тоа. Тоа е мој живот, еден важен дел, но не е најважен. И поради тоа за ова навистина немам намера повеќе да говорам.“