Катастрофалната ситуација во Вардар им паѓа тешко на сите верни фанови на најтрофејниот македонски клуб, но и на легендарните фудбалери на црвено- црните. Еден од нив е и Васил Рингов, кој дури се расплака во гостувањето на Телевизија 24, говорејќи за состојбата во Вардар.

„Сто пати сум кажал, Вардар беше репрезентација на Македонија. Во Вардар играа сите квалитетни, најдобрите од Пелистер, Брегалница, Струмица, Тетово… Како намерно, страшна работа“– изјави Рингов.

Вели дека ситуацијата во Вардар му паѓа премногу тешко, низ солзи вели Вардар кој сега ги доживува најтешките денови во својат историја бил локомотива на македонскиот фудбал.

„Милион луѓе ми звонат, поранешни фудбалери што стана со Вардар, како дозволивте. Државата мора да застане, да тропне, да расчисти се и да оди понатаму. Јас кажувам не е проблем втората лига и трета, јас мислам како тргнало ќе го снема Вардар“– изјави Рингов.