Поранешниот капитен на Арсенал, Патрик Виера смета дека новиот менаџер, Микел Артета е вистинскиот човек за „топџиите“.

„Еднаш „топџија“, секогаш „топџија“. Артета ја врати потребната енергија во клубот што е многу битно“-изјави Французинот.

Виера беше главен кандидат за клупата на Арсенал по откакозот на Унаи Емери.

„ Не знам што ќе се случи во иднина, но сакам и како требер да бидам на високо нивот. Како играч имав желба да играм на Светско првентство, сакав да играм со најдобрите. Имам исти амбиции и како тренер. Би сакал да се борам за трофејот во Лигата на шампиони“- изјави тренерот на Ница.