Освојувачот на титулата Светски првак со Франција, Давид Трезеге  и легенда на Јувентус недолично се однесувал кога го запрела полицијата  во алкохолизирана состојба.

Трезеге возел брзо со автомобилот во Торино, бил запрен од полицијата, прво одбивал да направи алко тест кој подоцна покажал дека е во алкохолизирана состојба три пати над дозволеното, полцијата му ја одзела возачката дозвола, пишува „Gazzetta dello Sport“.

Трезеге откако му е одземена возачката дозвола со погрдни зборови и навреди се обратил кон полицијата.

„ Вие кутри луѓе, не ни заработувате 2000 евра, вие сте губитници , не сакам да ве гледам“– им се обратил Трезеге.

Французинот со националниот тим победи на СП 1998  година, го освои и ЕП 2000 година, кариерата во репрезентацијата ја заврши со 71 настап и 34 голови. Трезеге е најдобриот стрелец на сите времиња за Јувентус, постигна 171 гол во периодот од 2000 до 2010 година.