Во калчо лигата се води голема борба за првото место, Јувентус, Лацио и Интер се во борба за скудетото, Милан се буди но е далеку од конкуренцијата за титулата.

Легендата на Милан и светскиот фудбал, Руд Гулит изјави дека „старата дама“ е во слободен пад, Јувентус доминира веќе долго време во Италија.

„Јасно е дека Јувентус е фаворит за титулата, но истовремено е во слободен пад. Лацио игра фантастично, никој не сметаше на клубот од Рим. Интер има добар тим, Аталанта изненадува со добрата и ефикасна игра. Ова е добро за Италија, досадно е ако една иста екипа постојано победува“  – изјави Гулит.