Џирџо Киелини два дена е топ тема во Италија по изјавата дека најлошите играчи со кои некогаш заедно играл се Балотели и Филипе Мело, како и дека го мрази Интер од спортски причини.

На ова одговори легендатата на италијанскиот фудбал, Марко Тарделио и побара од играчот на Јувентус добро да размисли како ќе постапува во иднина.

„Разочаран сум од коментарите на Киелини, тој е капитен на Италија, на Јувентус и важна алка во асоцијацијата на фудбалери. Страшни критики упати кон неговите колеги, тоа не може да донесе ништо добро. Мора да се почитува противникот, без разлика на тежината, тоа го научив од капитените како што се Дино Зоф и Каетано Скиреа.“ – изјави Марко Тардели.