Српскиот фудбалски стратег Синиша Михајловиќ го започна лекувањето во болницата во Болоња каде што доби голема поддршка од навивачите, а лекарот кој ќе се грижи за него Микеле Каво е еден од најдобрите во својата област. Тој ја даде и својата прва прогноза.

„Не можат да се излечат сите видови на леукимија, но некои дури и акутната можат да бидат победени. Што побрзо откриеме за што станува збор, добиваме поголема предност. Дури и кај оние каде што не е можно во целост да бидат излекувани, денешните лекови можат значително да го продолжат животниот век. Сите кои боледуваат од леукемија треба да бидат свесни дека живееме во време на научни достигнувања. Постојат големи успеси и денес правиме работи кои пред десет години беа незамисливи. Морам да ја сочувам приватноста на мојот пациент. Тој е оној кој ќе одлучи колку информации ќе бидат споделени во јавноста. Можам само да го повторам она што го кажувам за сите пациенти. Надежта е една од најважните работи во процесот на лекување.“ – изјави Каво за италијанските медиуми