Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо тврди дека не се плаши дека ќе остане без најдобрите играчи по јуни 2022 година кога им истекуваат договорите на Нејмар и на Мбапе.

Агентите на двајцата играчи веќе се во преговори со ПСЖ за нови договори иако има најави дека Реал Мадрид ќе се обиде да го ангажира Мбапе во летниот преоден рок а Нејмар е транфер цел на Јувентус.

„Да одберам меѓу Нејмар и Мбапе? Точно дека ситуацијата е комплицирана, но во ПСЖ тоа не значи дека сакаме да се откажаме или пак дека не можеме да ги задржиме двете ѕвезди. Овој тим има капацитет и не веруваме дека некој друг може да ги поднесе платите на Нејмар или Мбапе. Мислам дека нема таков тим.“ – изјави Леонардо