Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо потврди дека Нејмар може да го промени клубот ова летно но само ако пристигне добра понуда.

„Јасно е дека Нејмар сака да си оди но тој има уште три години од договорот со ПСЖ. Нејмар може да го напушти ПСЖ само ако пристигне добра понуда. Засега нема такво нешто иако морам да признаам дека веќе имавме контакти со Барселона.“ – изјави Леонардо.

Во меѓувреме дел од медиумите во Европа известуваат дека Нејмар сепак ќе се појави во дресот на ПСЖ за време на летниоте подготовки иако вчера предизвика низа шпекулации со непојавувањето на првата прозивка.