Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо јавно потврди дека управата на првакот на Франција е во интензивни преговори со Нејмар и Мбапе околку можноста за нова долгорочна соработка со напаѓачите.

„Не ме изненадуваат шпекулациите, се уште има многу да се игра оваа езона. Мбапе е важен играч за нас и разговараме со него веќе некое време, времето за одлука дојде. “ – вели Леонардо.

ПСЖ во меѓувреме е во преговори и со Нејмар, Ди Марија и Бернат за нови договори.

„Исто така преговараме и со нив, како и со Нејмар, мислам дека сме на правилниот пат. Се може да биде решено за многи кратко време.“ – објасни Леонардо.

ПСЖ ова лето се очекува да се ослободи само до Џулијан Дракслер кој се поврзува со ангажман во Премиер лигата и во Серија А.