Франк Лампард одлучил  дека нема поента да се бори за трансферот на Бен Чилвел откако Лестер испратил порака до Челси дека левиот офанзивен бек е на продажба за 80 милиони фунти.

Алтернативата за Чилвел е најдена во Реал Мадрид, конкретно во Серхио Регулион кој минатата сезона беше прогласен за најдобар лев бек во Ла Лига.

Евертон веќе се обиде да го купи Регулион но понудата од 18 милиони фунти беше одбиена од „Кралевите“.

Челси подготвува понуда од 20 милиоони фунти со дополнителни бонуси, по која ќе се знае дали Реал Мадрид ќе прифати продажба на Регулион под овие услови.