Раководството на Лестер е подготвено да го пушти својот дефанзивец Бен Чилвел во Челзи, во текот на претстојното лето.

Според информациите на Daily Mail, газдите на „Лисиците“ веќе ја определија и неговата замена.

Се работи за играчот на Саутемптон, Рајан Бертран, кој има искуство во Премиер лигата.

Втора варијанта е ангажирање на Лук Шо од Манчестер Јунајтед.