Најдобриот стрелец на Њукасл минатата сезона, Ајосе Перез потпиша за Лестер, објави клубот.

Договорот на 25-годишниот Шпанец со новиот клуб е со важност на четири години. За трансферот Лестер плати 33,4 милиони евра.

Минатата сезона, Перез одигра 41 натпревар за Њукасл, постигна 13 гола и оствaри четири асистенции.