Управата на Лестер планира во летниот преоден рок посериозно да го засили следниот ред и да го задржи Мадисон.

Според „Фудбал Фактори“, Наби Кеита од Ливерпул е прва трансфер цел на Роџерс, кој веќе побарал да биде воспоставен официјален контакт со управата на „Црвените“.

Неофицијално, Лестер брза да го договори трансферот на Кеита кој не е во прв план кај Клоп откако за играчите од редот за врска интерес пројавил и Атлетико Мадрид.

Ливерпул очекува за Кеита најмалку 25 милиони евра, а на продажба уште се и Шакири и Орижи