Роберт Левандовски е во неверојатна голгетерска форма и по првите 11.кола има постигнато 16 голови во Бундеслигата со кој е водечки стрелец во најсилните европски фудбалски лиги.

Споредбено со неколку европски гиганти, тој има постигнато повеќе голови. Левандовски има  повеќе голови од Милан, кој има постигнато само 11  сезонава во Серија А од 11 натпревари, а тука се и Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, кои сезонава мрежата на противникот ја треселе 13, односно 12 пати.

Левандовски синоќа беше главен актер на теренот во дербито со Борусија Дортмунд на кое Баерн Минхен славеше со убедливи 4-0, а Полјакот беше автор на 2. погодоци.