Феноменалниот напаѓач на Баерн, Роберт Левандовски, се потсети на една епизода во Борусија, кога тренер му беше Јирген Клоп.

Во Дортмунд имавме кладба со Клоп – ако дадам десет гола на тренинг, ми даваше по 50 евра. На почетокот давав по 3-4 голови, но потоа и по 7-8 на еден тренинг. На крајот почнав да ги давам и по 10, а Клоп ми ги плаќаше со 50 евра. Но, по неколку недели ми рече дека е доста, бидејќи ќе банкротира. Но, тој ја постигна својата цел, ме натера да го направам тоа што претходно не го можев“.

Левандовски е најдобар стрелец во Бундеслигата со 25 гола во тековната сезона.