Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, се потсети како во 2012 година за малку не се пресели во Манчестер Јунајтед.

По две години минати во Борусија Дортмунд, имав разговор со сер Алекс Фергусон, кој ме покани да дојдам во Манчестер Јунајтед. Сакав веднаш да заминам, бидејќи тоа беше Алекс Фергусон и затоа што тоа е Манчестер Јунајтед. Тоа беше првпат да размислам за трансфер. Кога млад фудбалер добива повик од Фергусон – тоа е неверојатно, тоа беше посебен ден.

Но, Борусија не го дозволи трансферот“, изјави Левандовски за The Guardian.

Левандовски настапуваше за Борусија се до 2014 година, кога како слободен агент му се приклучи на Баерн.