Неверојатниот Роберт Левандовски е на чекор до рушење на рекордот на легендарниот Герд Милер од 1972-та година, по бројот на постигнати голови во една бундеслигашка сезона.

Полскиот репрезентативец моментално е на 39 гола на две кола пред крајот на Бундес лигата, додека Герд Милер постигна 40 голови. Значи, на Левандовски му недостасуваат уште два гола за да постави нов рекорд.

Баерн во текот на минатиот викенд успеа фуриозно да ја победи Борусија Менхенгладбах со 6:0, а Левандовски постигна три гола. Директорот на Баерн, славниот Оливер Кан верува дека Полјакот ќе го сруши рекордот, но го предупредува да не си става преголем притисок.

„Колку што го знам, јасно ми е дека ќе направи се за да го сруши тој рекорд, но Роберт не смееш на својот грб да си ставаш толкав терет. Немој тоа да си го правиш“– изјави Кан.

Славниот голма ја спомена и важноста на достигнувањето на Милер во историјата на германскиот фудбал.

„Се сеќавам дека тој сјаен рекорд на Герд Милер беше постојан проблем за голгетерите. 40 голови во една сезона? Никој не мислеше дека тој рекорд некогаш би можел да биде срушен. Го направи ли тоа Роберт, тоа ќе биде неверојатно достигнување“– нагласува Кан.