Роберт Левандовски има неверојатна сезона, постигна 27 голови на 20 натпревари во сите конкуренции за Баерн Минхен.

Полјакот во Лигата на шампионите постави рекорд со четири гола против Црвена Звезда кои  ги постигна за 14 минути и 31 секунда игра, со тоа најави дека тргнува по рекордот на Меси.

Левандовски е во неверојатна серија од 13 натпревари на кои постигнувал по најмалку еден гол, тој е најдобар голгетер во топ 5 првенствата.

Меси во сезоната 2011/12 постигна 73 гола на офцијалните мечеви за Барселона, сега Левандовски има шанса да го стигне рекордот на Аргентинецот.

Левандовски со 27 голови во оваа фаза од сезоната е на добар пат да го надмине најдобриот играч на Барселона кој таа сезона, 2011/12, во овој период имаше ефекет од 25 голови, Полјакот има два повеќе во моментов.