Напаѓачот на Баерн Минхен, Робер Левандовски во изјава за „Билд“ тврди дека и покрај тоа то има 31 година сеуште може да напредува.

„Работев напорно за да бидам во оваа форма. Во моментов се е перфектно за мене, моето тело добро реагира. Се чуствувам одлично. Знам добро што можам и не планирам да одморам. Сакам да бидам уште подобар.“ – изјави Левандовски.

Капитенот на Полска во оваа сезона постигна 23 гола на 18 натпревари за Баерн Минхен и во моментов е најдобар стрелец во Европа во најсилните пет лиги.