Роберт Левандовски од Баерн Минхен беше главна тема во летниот преоден рок, еден куп шпекулации, го бараа многу великани на европскиот фудбал, но тој остана во редовите на шампионот од Германија.

Полјакот беше меѓу најбараните играчи, но остана во Баерн, а потврди дека нема намера да го напушти Минхен.

„Немам потреба да се докажувам во други шампионати, со Баерн можам да се натпреварувам со најдобрите од останатите лиги преку Лигата на ШампионитеКомплетно сум фокусиран на Баерн Минхен, не размислувам за ништо, освен за Баерн“ – изјави Левандовски.