Бундес лигата од утре се враќа на програмата, навивачите на европскиот фудбал со нетрпение го очекуваат најавеното продолжение на сезоната која беше во прекин поради Ковид-19.
Напаѓачот на Баерн Минхен во изјава за медиумите во Германија одлучи да му упати совен на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
„Тој има голем потенцијал но сеуште е рано за да се зборува за неговиот лимит. Не треба да му правиме притисок. Поради ова верувам дека за него подобро е да остане во Бундес лигата и заедно со Борусија да напредува. Рано е да размислува за трансфер.“ – вели Левандовски.
Халанд се поврузва со трансфер во Реал Мадрид но засега нема ништо конкретно по однос на преговори и можна преселба ова лето.
Comments are closed for this post.