Македонскиот репрезентативец Енис Барди има повреда на десниот зглоб објави Леванте на својот сајт, во следните денови ќе се знае колку долго ќе отсуствува од екипата.

Барди е стандарден репрезентативец на Македонија, повредата на десниот зглоб не е многу сериозна, во процес на мирување е, клубот потврди дека во следните неколку дена ќе има точна информација колку долго ќе биде без Барди во составот.

Барди би  требало да биде во составот на македонската репрезентација за средбата со Косово на 26 март во Скопје.