Македонскиот репрезентативец, Енис Барди поради повреда на мускулот на десната нога ќе мора да паузира најмалку десет дена.

Од леванте потврдија дека Барди на вчерашниот тренинг почуствувал чудна болка и морал веднаш да замине на испитување. Барди, кој поради повредата на грбот протпушти цели два месеци пред нова година, сега го очекува нова пауза.

Барди со сигурност нема да игра против Атлетик Билбао во петок а можно е да го пропушти и дуелот со овој тим во Копа Дел Реј.

Барди е клучен играч во составот на Игор Ангеловски, Македонија во март ја очекуваат првите квалификациски натпревар за СП во Катар 2022.