Бундеслигашот, Баер Леверкузен е цврсто решен до крајот на преодниот рок да ја засили одбраната, пренесува „Кикер“.

Јан Вертонген не е задоволен од минутажата која ја добива во Тотенхем и се очекува да ја прифати понудата од „Фармацефтите“. Леверкузен во стоперот гледа идеално решение за дефанзивните проблеми кои ги има.

Неофицијално, репрезентативецот на Белгија ќе ги чини челниците на Баер околу 20 милиони евра.