Долгогодишниот македнски репрезентативец во футсал и член на шампионот Шкупи Зоран Левески смета дека „чаирчани“ се фаворити против ирскиот првак во првото квалификациско коло во ЛШ.

′′Мислам дека сме фаворити против Блу Меџил Даблин, но со оглед дека сме во пандемија на коронавирусот однапред ништо не може да се земе здраво за готово“, изјави Левески за клупскиот сајт.

Денешната жрепка одлучи Шкупи да биде домаќин на пресметката со ирскиот шампион со пласман меѓу 32-те најдобри во Европа, а мечот ќе се игра во термин помеѓу 24 и 29 ноември.

Имаме уште еден месец до овој натпревар и најважно е сите да биде со добро здравје. Доколку сите сме здрави, мислам дека нема  да имаме проблем да се пласираме во следното коло“, оцени Левески.