Еден од најдобрите менаџери во светот Маурисио Покетино се наоѓа на излезните врати од Тотенхем. Аргенинецот и сопственикот Леви деновиве имале состанок на кој било договорено дека сорабтката ќе биде прекината. Според “Телеграф“, за време на репрезентативната пауза, фудбалерите на Тотенхем си разменувале пораки во кои шпекулираат со името на новиот тренер.

 

Претседателот Леви засега не повлекува потег да го отпушти Покетино, пред се поради заслугите на Аргентинецот, кој Тотенхем го искачи на едно повисоко ниво во последните неколку години, а за потсетување минатата сезона беа дел од финалето во Лигата на шампиони.

 

Сепак, на Покетино му било најавено дека доколку Тотенхем изгуби од Вест Хем во наредното коло , тогаш и дефинитивно си заминува, поточно ќе добие отказ.