ЛГБТ активистот Агрипино Магаљаеш поднесе тужба против Нејмар во Судот на правдата во Сао Пауло. Во истата го обвинува славниот фудбалер за напади кон него, пишува бразилски Ло Бјанко.

Тврди дека се тргнало кога го обвинил Нејмар за хомофобија. Магаљаеш исто така го обвини адвокатот на Нејмар Дави Де Паива Кошта Тангерина, дека му се заканувал со смрт во повеќе наврати.

Преку својот адвокат Анхел Карбони, Агрипино од Нејмар бара отштета од милион долари. При почетокот на судењето Магаљаеш исткна дека живее во страв поради смртните закани кои ги довиа, но тврди дека во неколку наврати бил ограбен по налог на Нејмар и неговиот адвокат.

Магаљаеш тврди дека секогаш ја менува адресата и поради тоа не може да задржи ниту една работа и да води нормален живот. Неговата одбранта му појаснија на судијата дека дошло до судир меѓу Магаљаеш и Нејмар.

Нејмар е снимен како со своите пријатели шири хомофобични шеги на сметка на Тиаго Рамос, поранешното момче на неговата мајка, а Магаљаеш поради тоа го пријавил. Наводно Нејмар во тој разговор тврдел дека хомосексуалците треба да се убијат.