Езџан Алиоски и Лидс Јунајтед стартуваа со победа  во првото коло на Чемпионшип, славеа  против Бристол Сити со 3-1, нашиот репрезентативец настапи во последните 10 минути од натпреварот.

Алиоски во игра влезе при резултат 3-1 за Лидс на местото на Бери Даглас. Головите за гостинската екипа ги постигнаа, Хернандез, Бамфорд и Харисон, единствениот гол за Бристол е дело на Вајман кога намали на 3-1 и го постави конечниот резултат.