Лидс Јунајтед го победи Мидлсброу на гости со 1-0 и се зацврсти на втората позиција на табелата во Чемпионшип.

Езџан Алиоски остана на клупата за резервни играчи на оваа средба на која единствениот гол го постигна Матеуш Клих во судиското продолжение од првиот дел.

Лидс со новите три бода има 65 на табелата и се наоѓа на втората позиција зад ВБА кој има четири бода предност.