Лидс Јунајтед одигра нерешено со Брентфорд на гости 1-1, се спасуваше од пораз откако домашните први поведоа.

Езџан Алиоски не настапи на оваа средба, беше на клупата за резерви на Лидс.

Брентфорд поведе со голот на Бехрама во 25 минута од средбата.

Гостите израмнија пред крајот на првиот дел, погоди Купер во 38 минута за израмнување и бод од ова гостување.

Лидс Јунајтед е втор на табелата со три бода помалку од ВБА кој има и натпревар помалку.