Италијанската Серија А викендов ќе му одаде последна почит на легендарниот Диего  Армандо Марадона, а почеста ќе има неколку делови.

За време на загревањата, на видео бимовите на сите стадиони ќе биде емитувано легендарното загревање на Марадона пред мечот со Баерн Минхен во 1989 година со песната „Life is Life“:

Сите фудбалери ќе носат црн флор на левата рака.

Пред почетокот на натпреварите во Италија ќе има минута молчење, а на сите стадиони ќе биде ликот на Марадона со пораката „Чао Диего“.

Сит натпревари ќе бидат прекинати во 10 минута, додека на екраните во траење од 60 секунди, ќе бидат прикажувани мајсториите на Марадона во дресот на Наполи.