Ждрепката во Нион, ги донесе четвртфиналните пресметки во Лига Европа на УЕФА. Македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски по големата победа над Тотенхем добија уште еден сериозен противник, Виљареал.

Четвртфинални двојки:

Гранада – Манчестер Јунајтед

Ајакс – Рома

Победниците од овие две четвртфинални средби ќе играат меѓусебно во полуфиналето.

Арсенал – Слави Прага

Динамо Загреб – Виљареал

Победниците од овие две четвртфинални средби ќе играат меѓусебно во полуфиналето.

Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 8 и 15 април, полуфиналните се закажани за 29 април и 6 мај а финалето на 26 мај на „Гдањск Арена“ во Полска.