Денеска во Амстердам беше извршена ждрепката за новата сезона од Лигата на нации, а Македонија во второто издание на ова натпреварување ќе игра против селекциите на Грузија, Естонија и Ерменија во втората група од Лига Ц.

Португалија која ја брани титулата се најде во група против Франција, Хрватска и Шведска, група која го носи името „група на смртта“.

Во групата 1 ќе играат Холандија, Италија, БиХ, Полска, во групата 2 се наоѓаат Англија, Белгија, Данска, Исланд, додека во иста група се најдоа и Шпанија, Германија, Швајцарија и Украина.