Ајакс го пречекува АПОЕЛ  во Амстердам, реванш меч од плеј-офот во Лигата на шампионите, резултатот од првата средба не донесе предност за никого, заврши со почетниот резултат.

Хланѓаните се фаворити но се мачат во квалификациите за ЛШ, АПОЕЛ гледа шанса да го урне сонот на овој млад тим на Ајакс кој минатата сезона беше сензација во елитното натпреварување.

Покрај овој дуел, вечерва можност за влез во фазата по групи имаат уште четири екипи, Клуж ја пречекува Славија Прага со негатива од 1-0, ЛАСК е домаќин на Клуб Бриж, тимот од Белгија има предност од 1-0 по првте 90 минути.

Сите три средби започнуваат од 21 часот.