Четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите на УЕФА носи две мега пресметки, но и уште две неизвесни и веруваме интересни средби.

Манчестер Сити – Борусија Дортмунд

Баерн Минхен – ПСЖ

Победникот од овие две пресметки ќе се сретнат во полуфиналето.

Реал Мадрид – Ливерпул

Порто – Челси

Победникот од овие две пресметки ќе се сретнат во полуфиналето.

Воведните натпревари од четвртфиналето ќе се играат на 6 и 7 април а реваншите на 13 и 14 април.

Полуфиналните пресметки за закажани за 27 и 28 април а реваншите на 4 и 5 мај.

Финалето оваа година во Лигата на шампионите ќе се игра на 29 мај на „Олимпискиот стадион Ататурк“ во Истанбул, Турција.