Во групата Г, Бенфика го пречекува Лион, екипата од Португалија нема победа на воведните два меча во Лигата на шампионите.

На двете претходни соочувања имаат запишано по една победа но  девет постигнати голови, се очекува нов ефикасен меч.

Лион на последните две средби во Лига 1 нема победа, Бенфика има една победа и еден пораз во домашното првенство. Во групата Бенфика е поразена од Зенит  и Лајпциг, Лион освои бод со Зенит и го победи Лајпциг.

Во оваа група уште се среќаваат Лајпциг и Зенит од 19 часот, екипата од Германија е со ефект од една победа и пораз, Зенит со четири бода е лидер во групата.

Двојки:

Лајпциг – Зенит 19-00 час.

Бенфика – Лион 21-00 час.

Табела

  1. Зенит 4
  2. Лион 4
  3. Лајпциг 3
  4. Бенфика 0