Вечерва во Лигата на шампионите се играат осум средби од второто коло, сегментот  Е-Х го носи дербито меѓу Јувентус и Барселона.

За жал поради последниот позитивен тест на Роналдо на Ковид-19, нема да има пресметка меѓу двете супер ѕвезди на светскиот фудбал.

Роналдо и Меси нема да се соочат еден против друг, но со сигурност не очекува епска борба и добар фудбал.

Јувентус и Барселона се среќаваат по 12 пати, традицијата вели дека каталонците имаат 4 победи додека „старата дама“ три пати се радувала на триумф, четири средби завршиле нерешено.

Изразит фаворит нема, во првото коло Јувентус запиша победа со 2-0 на гости кај Динамо Киев, додека Барселона тримфираше со 5-1 против Ференцварош.