Интер ја пречекува Борусија Дортмунд со една опција, победа и ништо друго, се освен три бода за тимот од Милано ќе биде ризик за пласман во нокаут рундата.

Ситуацијата на табелата во групата Ф му носи голем притисок на Интер кој по две одиграни средби има само бод, оној со Славија Прага освоен на „Џузепе Меаца“.

Сега гостува Борусија Дортмунд, екипата од Германија има четири бода од една победа и нерешено и сака да остане непоразена на гостувањето во Италија.

Досега овие две екипи одиграа четери средби, Интер има две победи, Дортмунд една, еднаш одиграле нерешено.

Барселона гостува во Прага кај Славија. Каталонците се фаворити но Славија покажа против Интер дека може да игра одлично со фаворитите.

Прв пат се среќаваат овие две екипи, формата е одлична на двата тима, Барселона е во серија од пет победи во низа, Славија има само еден проаз и четири победи на последните пет меча.

Двата меча започнуваат од 21 часот.

Двојки:

Интер – Борусија Дортмунд

Славија Прага – Барселона

Табела

  1. Борусија Дортмунд 4
  2. Барселона 4
  3. Интер 3
  4. Славија Прага 3