Ливерпул го пречекува Атлетико Мадрид, во Париз, ПСЖ е домаќин на Борусија Дортмунд, реванш средби од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Домаќините се во негатива, Ливерпул загуби на првата средба во Мадрид со 1-0, сега брка негатива пред своите гледачи за пласман во четвртфиналето.

Ливерпул статистички е во негатива од Атлетико, има само една победа, два порази и две нерешени на вкупно петте одиграни средби досега меѓу двата клуба.

ПСЖ со негатива 1-2 го пречекува тимот на Борусија Дортмунд. Предноста на Германците е достижна но „милионерите“се во серија од 5 победи на последните 5 средби во сите конкуренции.

„Светците“ се исто така во серија на победи, имаат три во низа, формата на двете екипи ветува добар фудбал. Статистички,ПСЖ никогаш не ја победил Борусија Дортмунд, на трите досега одиграни средби, две завршија без победник, на една победи Дортмунд.

Двете средби, Ливерпул- Атлетико Мадрид и ПСЖ-Борусија Дортмунд се играат од 21 часот.