Во Мадрид, Атлетико го пречекува Ливерпул, ако се погледнат резултати на двете екипи во националните првенства, ќе се заклучи дека клубот од Англија е голем фаворит во овој двомеч.

Секако така не размислуваат кај Атлетико Мадрид кој гледа шанса да го елиминира актуелниот клупски европски првак.

Ливерпул е одличен во нокаут фазата на натпреварите под покровителство на УЕФА, последен пат е елиминуран пред 10 години и тоа од Челзи, во сезоната 2008/09 во четвртфиналето. Од тогаш до денес не знаат за неуспех.

Атлетико Мадрид загубил само еднаш од Англиски клуб на домашен терен, одиграл 12 натпревари на кои запишал 7 победи и 4 нерешени средби.

Последен пат овие две екипи се сретнаа во полуфиналето на Европа лигата во сезоната  2008/09, статистички се израмнети, имаат по една победа и две нерешени средби на досегашните четери пресметки во Европа.

Експертите му даваат предност на Ливерпул во овој двомеч, но не и апсолутна фаворитска улога, особено не во Мадрид.